Човечкиот фактор бил главната причина поради која авионот на Ер Франс се урна во Атланскиот океан односно серија грешки во управувањето со авионот и задоцнетата реакција на пилотите.
Овие информации беа објавени денеска, три години откако авионот со лет број 447, од Рио де Жанеиро до Париз дожиева несреќа во која загинаа сите патници, а многу парчиња од авионот се уште не се пронајдени.
Претходно, канцеларијата за истражување и анализа тврдеше дека неисправните сензори за брзина покажувале погрешни информации и тие биле причината за падот.