Прочуената шведска поп-група АББА доби свој музеј, јави дописникот на МИА од Стокхолм.
Денеска музејот свечено ќе биде отворен во Стокхолм.
Основачите на АББА, Бени Андерсон и Бјорн Улвеус, вчера на прес-конференција го презентираа музејот.
– Бени и јас сакавме да ја искористиме шансата да направиме нешто поголемо. Нешто што Стокхолм требаше да го има од многу поодамна, куќа посветена на шведското музичко чудо, рече Бјорн Улвеус за Шведската телевизија.
АББА досега е најуспешниот музички бенд во Шведска. До денес групата има продадено околу 400 милиони плочи.