ВИДЕО: Ураганот „Лора“ ќе го погоди Хјустон, предупредуваат властите

Од:

Силниот ураган „Лора“ се приближува кон брегот на САД, a американските медиуми пренесуваат дека засилил до третиот степен од скалата со која се мери јачината на ураганите (од вкупно пет).

Невремето се очекува да се засили до четвртиот степен, како што се приближува кон Луизијана и Тексас. Во моментов брзината на ветерот изнесува 185 километри на час.

На стотици жители им беше наредено да се евакуираат веднаш од крајбрежните области, а властите предупредуваат дека ураганот може директно да го погоди градот Хјустон.

Метеоролозите очекуваат брановите да достигнат до четири метри височина, а поради таквите предвидувања, производството на нафта во Мексиканскиот Залив беше стопирано од безбедносни причини.

„Мојата администрација останува целосно ангажирана со националните и локалните служби за итни случаи за да продолжат со подготовките и да им помагнат на луѓето во Тексас, Луизијана и Арканзас. Слушајте ги локалните власти. Ние сме со вас!“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“