Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги ограничува проектите за изградба во еврејските населби на Западниот брег, сооопшти израелското воено радио.
Мерката има за цел да ги помогне напорите на САД за заживување на мировните преговори со Палестинците, пренесе ДПА.
Државниот секретар Џон Кери го замолил Нетанјаху, на нивната минатомесечна средба во Ерусалим, да ја запре изградбата во еврејските населби, дополни радиото.
Во ноември израелскиот премиер на еврејските доселници им вети дека ќе им даде зелено светло за градежни проекти во Источен Ерусалим и на Западниот брег, откако палестинскиот претседател Махмуд Абас од Генералното собрание на ОН побара да ја признае Палестина и покрај несогласувањето на Израел.
Пратеник од доселничката партија „Еврејски дом“ за военото радио изјави дека на крајот Нетанјаху ќе се воздржи да ги потпише дозволите за градба во еврејските населби.
Владиниот порпарол Марк Регев одби да го коментира радиото, посочува ДПА.