Италијанскиот стручњак Еторе Месина се согласил да биде предводник на репрезентацијата на Турција на Европското кошаркарско првенство, јавуваат медиумите во Италија.
Преговори меѓу двете страни имало и во минатото, но за разлика од тогаш, овој пат Месина и Турскиот кошаркарски сојуз ги усогласиле условите за работа. Потпишувањето на договорот ќе биде објавен во блиска иднина.
Европскиот кошаркарски шампионат ќе се одржи во Словенија од 4 до 22 септември.
Освен актуелниот тренер на ЦСКА Москва, на ЕП во Словенија, селктор Италијанец ќе имаат и репрезентацијата на Италија (Симоне Пјаниџани), како и грчката репрезентација (Андреа Тринкиери).