Две деца се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Маврови Анови

Од:

Вчера во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот В.М. од Свети Николе и патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот И.Р. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М. на 37 години и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило 43-годишната Р.Р., констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски