На конкурс пријавени 442 современи бајки, четири ќе бидат избрани и објавени

Од:

На конкурсот „Современи бајки од Македонија“ се пријавиле 316 автори од земјава со 442 бајки, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“, која го реализираше конкурсот заедно со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Конкурсот траеше од 1 јули до 17 август 2020.

Пристигнатите авторски творби во следниот период ќе бидат селектирани и ќе ги оценува стручно жиро кое ќе избере четири бајки што ќе бидат илустрирани и издадени како посебни сликовници. Поединечната награда за откуп на авторските права на една бајка ќе изнесува 25.000 денари. Се очекува избраните бајки да бидат објавени до крајот на годинава.

Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, изјави дека охрабрува одѕивот на конкурсот и големиот број пристигнати бајки и тоа е, како што вели, јасна потврда за огромниот креативен потенцијал и потребата од создавање можности тој да добие форма.

– Токму тоа е и нашата цел, да создадеме простор за креативните автори во земјава кои создаваат трајни вредности. Нашата основна идеја беше традиционалното творештво да го доближиме до младите генерации, на нов и модерен начин. Со голема посветеност и ентузијазам работевме на модернизирање и илустрација на бајки од македонското народно творештво. Во рамките на овој проект трајните вредности ги „оживеавме“ за модерните генерации и издадовме 54 бајки од Македонија, а големиот интерес за нив нѐ инспирираше да создадеме можност за нови современи бајки кои во иднина ќе станат дел од македонската литературна историја, истакна Пеева-Лауренчиќ.

Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“, посочува дека проектот „Современи бајки од Македонија“ следува по големиот успех на претходните изданија „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ и дека со сите проекти им се дава простор на нови и млади автори да го покажат својот креативен потенцијал за создавање на литературни дела.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска