Концерт на Пламенка Трајковска во Велес

Од:

Виолинистката Пламенка Трајковска вечер (20 часот) ќе одржи концерт во Младинскиот парк во Велес. Концерот со наслов „Лејдис енд Џентлмен“ е дел од манифестацијата Велешко културно лето. На концертот во гудачкиот квинтет покрајТрајковска ќе настапат и Наташа Диденко, Сандра Крстевска, Магдалена Попоска и Љубица Бошкоска. Гости на концертот се Трио Џентлмен.

На програмата на концертот „Лејдис енд Џентлмен“, Пламенка Трајковска низ мултимедијално доживување ќе го претстави својот опус, наменет за вљубените во убавиот звук на виолината, во обработките на народните песни.

Концертот „Лејдис енд Џентлмен“ премиерно беше изведен како јубилеен концерт на Пламенка Трајковска во рамките на овогодишното издание на Скопско лето и беше сниман од Македонската телевизија.

Трајковска е автор на бројни музички проекти и програми. Автор е на „Апасионато“, единствениот македонски музички албум со кросовер на класичната и модерна музика, на сингловите „Светулки“, создадени во поп романтичен стил, а креатор е и на неофицијалниот музички албум „Црвената виолина“ со интерпретации на латино теми. За најмладите – идните вљубеници во класичната музика, Трајковска минатата година го издаде музичкиот албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс, адаптиран за виолина и пијано.

Вечерашниот концерт е поддржан од Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска