САД: Осуден на 13 години затвор затоа што возел пијан

Од:

Четириесет и тригодишнот Тимоти Мороу од Раунд Лејк Бич во сојузната американска држава Илиноис е осуден на 13 години затвор поради осум сообраќајни прекршоци, односно управување на автомобил во алкохолизирана состојба.

Првиот прекршок го направил на 17 годишна возраст, а од тогаш уште девет пати одговараше пред судот поради управување на автомобил во алкохолизирана состојба и два пати за управување на чамец под дејство на алкохол.

Четири од случаите се завршени со ослободувачка пресуда или намалување на бројот на точки во обвинението.

-Фактот дека поединец кој е 10 пати приведуван поради управување на автомобил под дејство на алкохол и понатаму продолжува да пие, се коси со здравата логика. Очигледно е дека обвинетиот не ја разбира пораката и дека му е сеедно- изјави обвинителот Бен Дилон.

Мороу два пати беше и во затвор. Прв пат 1995 година поради истото дело и 1996 затоа што возел иако возачкат дозвола му била одземена.

По најновото сослушување Мороу се наоѓа во притвор, а судијата Брајан Хјуз го одби неговото барање да му одобри 30 дена за регулирање на обврските.

Во јули 2011година, сообраќајна патрола во Лејк Бич го сопрела Мороу во пијана состојба. Во октомври е осуден за осмото управување во алкохолизирана состојба, но е ослободен за неколку други точки, вклучувајќи го и бегството од полицијата.

Обвинителот Дилон бараше казна од 15 години затвор, нарекувајќи го Мороу за „апсолутна закана за јавната безбедност“.

Мороу на судот изјави дека во детството бил злоставуван и дека полицијата не ги прифатила неговите тврдења.

-Го молам судот. Имам 12- годишен син и сакам да гледам како расте. Погрешив и се извинувам – рече Мороу.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа