Американското федерално истражувачко биро (ФБИ) денес соопшти дека спречи терористички напад во еден мал град во Минесота, откако откри бомба и арсенал на оруже во една куќа.
Како што пренесуваат новинските агенции, под ознака „итно“, ФБИ не изнесувајќи многу детали, само наведе дека е осомничен Бафорд Роџерс (24), познат како Баки во чија куќа помеѓу останатото се пронајдени и молотови коктели, експлозивни направи и автоматска пушка „калашникот“.
-ФБИ смета дека е спречен терористички напад и дека се спасени многу животи – стои во соопштението.
Елена Георгиевска