Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Европска Унија не планира Белорусија да стане „втора Украина“ и оти треба да продолжи дијалогот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
– Тензиите помеѓу Европа и Русија завршија со истрели, насилство и распад на украинската територија, што и понатаму трае, изјави Борел во интервју за шпанскиот дневен весник „Паис“.
Тој потенцира дека треба да продолжи дијалогот со Лукашенко за надминување на кризата во Белорусија.