Утре ново задолжување на Владата од 133 милиони евра

Од:

Владата утре ќе се задолжи со 133 милиони евра. Според објавените податоци преку три аукции на државни записи и една државна обврзница, државата од домашните банки ќе побара повеќе од 133 милиони евра.

А веќе в среда Владата треба да врати скоро 2 милиони евра во приватниот сектор. Само по основ на државни хартии од вредност, Владата должи 906 милиони евра на приватниот сектор, јавните претпријатија и банките.

Според последните податоци на министерството за финасии, заклучно со март, односно со првиот кавртал од годинава долгот на централната влада достигна 33,9 отсто и се смета за едно од највисоките измерени во последните пет години.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами