Новиот краток документарен филм „Сите ќе умреме“ од авторот Сашко Потер Мицевски вечер во 21 часот ќе биде премиерно прикажан на 11-тиот фестивал на
креативен документарен филм МакеДокс, како дел од програмата ShortDox.
Овој долгоочекуван филм третира веќе познати теми на економска несигурност и индивидуалните егзистенцијални дилеми во локален, типичен балкански контекст, но преку еден по малку бизарен аспект на целокупниот општествен живот – погребалниот бизнис.
Сашко Потер Мицевски, режисер и сценарист на „Сите ќе умреме“ е познат на домашните познавачи на документарниот филм преку неговата авторска работа на документарецот „(Вон)земјанинот Ли“. Работи и на бројни домашни и странски, филмски и ТВ проекти.
Во продукција на Хауском, на овој филм работеа млади, но веќе истакнати таленти од домашната филмска фела, како и автори од Велика Британија, а на продуцентската позиција се потпишува Илија Тирицовски.
„Сите ќе умреме“ е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а се реализираше во копродукција со ОХО Продукција.
Билетите за премиерата на документарецо се веќе во продажба на mktickets.mk.