Американските власти решија да затворат голем број гранични премини со Мексико и да воведат двојна царинска контрола за патниците, со цел да се намали фрекфенцијата на патувања и непотребниот ризик од заразување со коронавирус, соопшти американската погранична служба.
Американските власти уште во март воведоа ограничувања на границата за т.н. несуштински патувања, но американските граѓани и оние со постојан престој можеа да влегуваат на американска територија од Мексико.
Најновата мерка е насочена токму кон оваа група патници, соопшти пограничната служба, пренесуваат британските меидуми.
-Потребно е луѓето двапати да размислат пред да тргнат на патување и да се запрашаат дали патувањето вреди да се ризикува нивниот живот и животите на другите, изјави Роџер Мејер од пограничната служба во Ел Пасо.