Силјановска Давкова до Џафери: Според деловникот седницата треба да ја води еден од замениците

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на продолжението на конститутивната седница побара, со седницата да претседава еден од замениците на собранискиот спикер затоа што Џафери во моментот е претседавач со седницата повикувајќи се на Деловникот на Собранието. Воедно, побара пратениците на време да бидат информирани за седницте за да можат на време да се подготват.

„Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како Претседал, но, со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател ќе треба да одредите некој вашите заменици да ја води седницата. Од друга страна еден ден пред седница да дознаваме, дека ќе има седница, не во ред, треба да имаме пристојно време да се подготвиме за седницата. Не можам да не замерам за откажување на седницата, презакажувањето. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка, не е ексклузивен во диктирањето на условите не може да ја прекине седница и да ја продолжува. Честитки, за внукот. Но јас ќе кажам, ако мекици се прават без мајките што ги раѓаат, може да поминат и без дедото“, рече Силјановска Давкова.

Таа побара и коментар на Член на 110 според кој претседалот е должен во рок од три дена од добивањето на претседателот за доверен мандат да ги информира, пратениците, бидејќи како што рече за добивањето на мандатот пратениците дознале од медиумите.

Претседавачот Џафери рече дека забелешка за тоа друг да ја води седницата е во ред , но рече дека не ја закажувал и презакажувал седницата туку само ги известил службите да бидат подготвени, доколку има потреба да се закаже седница да бидат подготевни.

„Треба да си имате во предвид, продолжување не било закажано. Како претседавач дадов налог, да се подготват службите. Не било закажано, па презакажано, па одложено. Процедурите се гарант, се согласувам , и затоа сакам да се придржувам максимално да се запазат. Пратениците од верификација не сите права ги уживаат, но тоа е резултат затоа што нема комисија за избори и именувања, да се регулираат нивните права. Денес укажав што е можно да се достават предлозите за може пред 26 август да се формира таа комисија, да може да ги подготви тие решенија, бидејќи ризикуваме за овој месец, ниту пратениците, ниту службите да примат плата за овој месец“, рече Џафери.

Во моментот тече продолжението на седницата за избор на собраниски спикер на која за збор се јавија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Талат Џафери е единствениот предложен кандидат за нов Претседател од страна на ДУИ, а за негов избор би требало да гласаат 61 пратеник.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет