Принцот Хари им пренел на своите пријатели дека Кејт и Вилијам очекуваат син, јавија британските медиуми. Тој бил толку среќен што ќе стане чичко, па не можел да ја сочува тајната за себе.
Обложувалниците во моментов нудат квота од 1/3 за девојче и 5/2 за момче и покрај тоа што кралскиот пар не даде официјална изјава за полот на детето, кое што на свет треба да дојде, во средината на јули.
Но, овие квоти може лесто да се променат, бидејќи блискиот извор на принцот Хари нагласил дека тие очекуваат момче, па дури и одлучиле кое име ќе му дадат.
Според наводите на принцезата Јуџени, која што е роднина на Вилијам Кејт ќе стане мајка на син.
-Блискиот круг на семејството и пријателите знаат дека ќе биде машко дете и сите веќе купуваат подароци за детето-наведе изворот.
Елена Георгиевска