Зголемен бројот на барања за азил во Унгарија

Од:

Бројот на барања за азил во Унгарија во првите три месеци од оваа година е над бројот за целата мината година, а најмногу барања (400) поднеле луѓе од Косово, објави денеска веснико Маѓар Немзет.

Во првите три месеци од оваа година, регистрирани се вкупно 2.322 барања на странски државјани за азил, додека лани таа цифра била 2.157, објави весникот повикувајќи се на податоци на Канцеларијата за имиграција и државјанство.

Најмногу барања – 400 се од Косово, потоа од Авганистан (379) и Алжир (374). Од сите лица кои оваа година поднеле барање, 74 добиле извесен облик на заштита, тврди унгарскиот весник.

Би можело да ве интересира

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил