Кошаркарите на Индијана синоќа на гостински терен го победија Њујорк со 102:95 и со овој брејк поведоа во полуфиналната серија од Источната конференција во НБА плеј-офот.
Решавачката предност Индијана ја направи во втората и третата четвртина кога најдобриот играч на Њујорк, Кармело Ентони влезе во проблеми со бројот на личните грешки.
Еден натпревар се играше и во конференциското полуфинале од „Западот“. Оклахома Сити со 93:91 го победи Мемфис и поведе во серијата прв до четири победи.
Најзаслужен за победата на домаќините беше Кевин Дјурант кој реализира 35 поени.
Вечерва играат: Мајами – Чикаго и Сан Антонио – Голден Стејт.