Грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас изјави дека верува оти неговата земја ќе се соочи со тешка есен поради пандемијата со Ковид-19.
Според грчките медиуми, министерот од тие причини остава отворена можност за воведување на нови мерки во рамките на здравствениот систем.
„Луѓето кои работат во старски домови треба да бидат веднаш тестирани по нивното враќање од одмор“, рече Кикилијас.
Тој јавно ги повика сите граѓани на Грција, особено младите, да носат заштитни маски за лице и да одржуваат физичко растојание поради опасноста од инфекција со коронавирусот.