Втор ден Велидген и Ѓурѓовден за православните верници

Од:

Православните христијани денеска слават два верски празника – Втор ден Велигден и Ѓурѓовден. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска ќе богослужи во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Чаир.

Втор ден Велигден

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението.

Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинакукажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден

Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка мусе преселија во Палестина.

Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков муслужеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше.

Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година муја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска