Авионот со кој леташе Алексеј Навални, итно слета во Омск, затоа што на лидерот на руската опозиција му се слоши, а според неговата портпаролка, тој е отруен.
Неговата портпаролка Кира Јармиш на Твитер напиша дека Навални е ставен во кома и е на респиратор, додека се вршат натамошни испитувања.
„Алексеј е отруен“, напиша таа.
„Алексеј сега е на интензивна нега“, наведе Јармиш, пренесена од француските медиуми.
„Сигурна сум дека е намерно отруен“, рече таа за радио станицата Ехо на Москва, додавајќи дека според лекарите отровот се апсорбира побрзо ако е во врела течност.
Тасс објави дека Навални е на одделението за токсикологија на одделот за интензивна нега на болницата во Омск.
-Неговата состојба е сериозна, изјави главниот лекар на болница та Александар Мураковски за Тасс.
Според снимката од авионот, Навални викал на глас од силни болки.