САД суспендираа три спогодби со Хонг Конг

Од:

САД суспендираа или раскинаа три билатерални договори со Хонг Конг во областа на екстрадицијата и ослободувањето од данок, како дел од одговорот на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг.

-Овие чекори ја истакнуваат нашата длабока загриженост за одлуката на Пекинг да го донесе Законот за национална безбедност, со кој се намалија слободите на луѓето во Хонг Конг, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно кажа дека Хонг Конг веќе нема право на натамошен повластен третман, што го уживаше врз основа на автономијата добиена во 1997 година кога Велика Британија и ја врати оваа територија на Кина.

САД веќе презедоа чекори за укинување на привилегираната позиција на Хонг Конг, со воведувањето санкции на територијата и за кинеските официјални лица вклучени во спроведувањето на законот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија