Околу 2.000 пожарникари се вклучени во акцијата за гаснење на големиот шумски пожар, кој од четвртокот беснее долж крајбрежјето на американската сојузна држава Калифорнија во реонот на Малибу.
Пожарот, кој досега унушти над 11.300 хектари површина и која претставуваше закана за околу 4.000 домови, до утрово е 60 проценти изгаснат.
Поради пожарот во петокот беше затворен главниот автопат долж пацифичкиот брег северно од Лос Анџелес, но од синоќа тој повторно е отворен за сообраќај.
Поради, опасноста од пожарот беа евакуирани жителите на неколку илјади куќи и на еден универзитетски кампус. Огнената стихија уништи најмалку 15 куќи, но засега нема инфромации за жртви.
Покрај овој, изминативе денови во Клаифорнија беснееја уште пет други пожари, кои вкупно уништија површина од 69 километри квадратни.
Од почетокот на 2013-та во Калифорнија се регистрирани дури 680 пожари, што е за околу 200 повеќе од просекот за првите четири месеци во годината.