Едно семејство остана заробено во својот дом, оштетени се куќи, ниски згради и пристаниште, а дел од патиштата и мостовите во филипинското место Катаинган се напукнати по силниот земјотрес од 6,6 степени, што утрово ја погоди островската земја.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е регистриран на околу пет километри од Катаинган, на длабочина од околу 21 километар. Нема закана од цунами.
#EarthquakePH: At least 1 person has died after a 6.6 magnitude earthquake hit Masbate province in central Philippines.@phivolcs_dost says it expects further damage and aftershocks from #EarthquakeMasbate. More @business: https://t.co/rec78jKkvb pic.twitter.com/pZQdxA23vi
— Shakthi Vadakkepat (@v_shakthi) August 18, 2020
Потресот бил почуствуван во неколку провинции во централниот регион Висајас.
Властите информираа дека трокатна зграда се урнала во Катаинган, при што останале заробени неколку семејства.
Спасувачките служби работат на извлекување на заробените лица под урнатините.