Екипата на Чикаго Булс со победата во мајсторката од 1.коло од НБА плеј-офот против Бруклин се пласира во следната рунда, каде за противник ќе го има шампшионот Мајами.
„Биковите“ триумфираа на теренот на Бруклин со 99:93 и со 4-3 во победи го продложија настапот во разигрувањето за титулата.
Гостите решавачката предност ја направија во првиот дел кој го добија со 61:44.
Најдобар играч на натпреварот беше Јаник Ноа со 24 поени и 14 скокови и 6 блокади, а ист број поени постигна и неговиот соиграч Марко Белинели.
Дерон Вилјамс постигна 24 поени за Бруклин, а Брук Лопез 21 поен.
Вечерва се играат два натпревара: Оклахома Сити – Мемфис и Њујорк – Индијана.