Вељаноски со велигденска порака за сплотување на политичарите

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски присуствуваше на централната полноќна богослужба во Охрид во Светиклиментовиот храм на Плаошник, од каде упати честитки до православните христијани за најголемиот верски празник Воскресението Христово – Велигден.

Првиот човек на македонскиот Парламент им се обрати и на политичарите во земјата апелирајќи на сплотеност во интерес на државата.

– Сплотеноста која што постои кај граѓаните на ваквите верски празници треба да ни биде поттик нам политичарите да се сплотиме за преземање битни чекори и за доброто на Република Македонија. Христос Воскресе – Вистина Воскресе, рече Вељаноски.

Десетици илјадници верници како од Македонија така и гости од соседството и пошироко синоќа ги исполнаа храмовите на Македонската Православна Црква во Охрид, на полноќните богослужби по повод Велигден.

Главната утринска Свечена литургија за самиот прв ден Велигден во Охрид ќе се одржи во црквата „Света Богородица – Каменско“, а на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска