САД запленија иранска нафта на пат кон Венецуела

Од:

Американските власти соопштија дека заплениле околу 1,1 милиони барели нафта од четири пловни објекти што Иранците планирале да ги испорачаат во Венецуела.

Четири товари иранска нафта наменети за Венецуела се во рацете на американските власти, кои на тој начин ја прекинаа серијата испораки на нафта на Владата во Каракас. Американските власти тврдат дека ова е најголемата заплена на иранската нафта досега, но засега нема реакција од Техеран и Каракас.

Иран и Венецуела постигнаа договор за соработка пред неколку месеци, според кој Техеран досега доставил неколку танкери со нафта на Владата на Николас Мадуро, иако нафтените индустрии на двете држави се под санкции на САД.

Иако Американците објавија дека танкерите нема да поминат во Венецуела, морнарицата на САД не реагираше во првите неколку случаи. Исто така, овојпат, не е јасно кој ги пресретнал танкерите и каде се наоѓаат бродовите во моментот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол