Автомобил, наместо на булеварот „Партизански одреди“, си вози по тротоар. Снимката која денеска беше објавена на социјалните мрежи уште еднаш го покажува неприсуствувото на сообраќајната култура меѓу возачите во државата.
На видеото се гледа како возачот, буквално како да е на улица, вози по пешачката патека и меѓу дрворедите и околните згради.
И покрај огромниот број сообраќајни незгоди, јавното објавување снимки за непрописно паркирани автомобили и високите казни, се чини дека срамот и одговорното однесување на дел од шоферите во целост изостануваат.