Претседателот на Здружението на тенисери професионалци (АТП), Австријанецот Бред Друит почина денес во Сиднеј, на 54-годишна возраст, по долго боледување, соопшти организацијата.
Поранешниот тениски професионалец, кој во својата кариера достигна до 34-то место на светската ранг листа, беше на чело на АТП, од јануари 2012 година.
Друит боледуваше од невролошко пореметување.
Елена Георгиевска