Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не предвидува сценарио во кое би испратил американски копнени сили во Сирија.
– Во моментот не гледам ситуација во која испраќањето американски сили во Сирија би било од корист за САД и за Сирија, нагласи тој.
Обама додаде дека САД ќе продолжат со притисок врз Сирија додека трае истрагата дали владата во Дамаск наредила употреба на хемиско оружје врз народот.
Американскиот претседател наведе дека ако систематското користење хемиско оружје во Сирија биде потврдено, САД ќе објават докази пред меѓународната заедница бидејќи тоа го засега целиот свет. Тој не наведе какви акции може да се преземат и повика на внимателен пристап за да се избегнат несакани последици.