Во Куманово одбележани 110 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

Во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска беа одбележани 110 години од загинувањето на македонскиот револуционер и хуманист, Гоце Делчев. Цвеќе беше положено пред неговата биста, а свечен говор оддржа директорот на гимназијата Љубиша Николиќ.

– Токму на овој ден загина великанот на македонската револуција. Горди сме што го носиме неговото име. Патот што го поплочи Гоце Делчев не смее да се заборави, рече Николиќ, подвлекувајќи дека гимназијата која го носи името на великанот одбележува 68 години од постоењето.Во гимназијата учат 1.167 ученици распределени во 43 паралелки.

Цвеќе пред бистата на револуционерот положија преставници на локаланата самоуправа, политички партии, невладини организации и граѓански здруженија.

Иделогот на македонското револуционерно движење за ослободување од Отоманската империја загина на 4 мај 1903 во селото Баница во борба со турскиот аскер.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025