Пронајдени телата на двајца пилоти кои загинаа во авионска несреќа во Киргистан

Од:

Спасувачки тимови пронајдоа денеска тела на двајца од тројцата пилоти Американци на американски авион цистерна кој се урна во планински регион во Киргистан по полетувањето за Авганистан.

Авионот Боинг Кеј-Си 135 со десетици тони гориво се урна вчера и запали на околу 50 км. од Бишкек, соопштија локалните власти и американски претставници.

– Телото на третиот пилот не е пронајдено, изјави портпарол на Министерството за вонредни ситуации. Официјални лица од американската база Манас ги истражуваат причините за уривањето на авионот.

Педесетина спасувачи ги обновија денеска потрагата и веројатноста да биде пронајдено телото на третиот пилот е многу мала, јавуваат западни медиуми. Базата Манас е важна за американските сили во Авганситан.

Од неа се транспортираат кон Авганистан војници, од таму се евакуираат ранети и се испраќаат авиони-цистерни за доставување гориво.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа