Стотици учесници на марш за афроамериканските права во Чикаго, упаднаа во кварт за шопинг во градот, каде дел од демонстрантите влегоа во продавници на познати светски брендови и ги ограбија, конфронтирајќи се набргу потоа со полицијата.
Властите во Чикаго соопштија дека повеќе од 100 лица се уапсени во последното деноноќие. Тринаесет полицајци беа повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник, кој бил погоден од тврди предмети што ги фрлале демонстрантите. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа за да ја вратат ситуацијата под контрола. Властите соопштија и дека еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.
Дел од видеата ги објавиле самите учесници во грабежот, кои пуштале снимки во живо на социјалните мрежи додека траеле нередите.
People are live-streaming themselves looting in Chicago
Video via @LizJone26271417
— Breaking911 (@Breaking911) August 10, 2020
Началникот на локалната полиција Дејвид Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, рече дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, афроамериканецот кој невооружен беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.
If you wish to see the peaceful side of #BlackLivesMatter
Put #ChicagoRiots into the Twitter search engine
This is the aftermath of one area looted in Chicago last night#BLM
Video (and others) by @MrAndyNgo pic.twitter.com/a2EiyK6A8e
— BrexitBritSteve #TurnBackTheBoats (@BrexitBrit) August 10, 2020
„Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал“, рече Браун на прес-конференцијата.