Се обеси 39-годишен затвореник во Идризово

Од:

Затворениците и дежурниот командир денеска околу пладне во затворското крило „Амбуланта“, во затворот во Идризово го пронашле безживотното тело на 39 годишниот затвореник И.С од Кавадарци.

Како што информираат од казнено -поправната установа, затвореникот животот си го одзел со бесење, а откако пријавил командирот, надлежните со затворска кола веднаш го однеле во Општата градска болница каде се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

„Се работи за лице кое издржува затворска казна од 22 години, за убиство и тешки кражби, односно осуден до 2041 година. Починатиот е зависник од наркотици , на лечење со метадонска терапија. Местото каде што се случи несреќата е обезбедено, известени се ОЈО и МВР. Ќе бидат земени изјави од другите затвореници кои го нашле телото на починатиот. Испратен е допис и до полицијата во Кавадарци, за да се најде семејството на починатиот затвореник, бидејќи во неговото досие нема остваено никаков контакт од членовите на неговото семесјтво“, информираат надлежните од казненото-поравната установа за „А1он“.

Телото на починатиот затвореник ќе биде предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“