По одигрувањето на ноќешните дуели уште четири екипи се пласираа во следната фаза од плеј офот – полуфинале по Конференции во НБА лигата. Тоа го направија: Мемфис, Оклахома Сити, Индијана и Њујорк.
Единствено Мемфис успеа да елиминира екипа која беше подобро рангирана во основниот дел од лигата, откако со серија од четири победи предноста на Лос Анџелес Клиперс од 0:2 ја претвори во победа од 4:2.
Њујорк по 13 години успеа да ја мине првата пречка во плеј офот и во натпреварот број 6 како гостин славеше кај Босон.
Непријатна серија од 13 порази по ред прекинаа и играчите на Индијана, кои се радуваа на теренот на Атланта, а воедно и изборија конференциско полуфинале.
Оклахома Сити не дозволи да игра уште еден дуел со Хјустон откако ја постигна потребната победа за пласман во следната фаза.
Резултати на натпреварите: Мемфис – Лос Анџелес Клиперс 118:95 (4-2 во победи), Бостон – Њујорк 80:88 (2-4), Атланта – Индијана 73:81 (2-4) и Хјустон – Оклахома Сити 94:103 (2-4).