Премиерот Груевски ја посети црквата „Св.Димитрија“ во Скопје

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска со семејството по повод одбележувањето на православниот празник Распетие Христово Велики Петок, ја посетија црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Согласно православните канони и обичаи, премиерот Груевски со своето семејство, помина под светото платно Плаштаница, соопшти владината прес-служба.

За време на дочекот на најголемиот празник Воскресение Христово Велигден, според најавата, премиерот Груевски со сопругата ќе престојува во Кичево каде со останатите православни верници ќе присуствуваат на Светата литургија, која ќе се организира во кичевскиот православен храм „Св. Петар и Павле“.

На првиот ден од Велигден, в недела, премиерот со семејството ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица“ Каменско, а потоа во Струга ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“.

Во понеделник, на вториот ден од Велигден, премиерот Никола Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова црква во Вевчани, соопшти владината прес-служба.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска