Москва е подготвена да преговара со претставници на сириската опозиција вклучително и на Сириската слободна армија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Изјавата на Лавров кој е во посета на Словенија, е дадена по став на командант на Армијата Салим Идрис дека во секое време може да се сретне со руски официјални лица.
– На знам за таа изјава, но ако е така ние сме отворени за разговори со сите групи, изјави Лавров.
Тој доадде дека Русија е против вооружување на сириската опозиција бидејќи противречи на меѓународното право. Според него, доставувањето оружје за бунтовниците значи дека се бара воено сценарио, а не барање излез од кризата со политички средства.