Конзорциум од пет турски компании победи на тендер за изградба и управување со трет аеродром во Истанбул што ќе биде меѓу најголемите во светот.
Партнерство предложија градежните компании Лимак, Колин, Ченгиз, Мапа и Кајлон и победија на тендер на кој предложиле 22,1 милијарда евра за 25-годишна концесија. Изградбата на аеродромот со шест писти и четири терминали, ќе чини седум милијарди вера.
Владата тврди дека аеродромот ќе може да опслужу околу 150 милиони патници годишно и ќе го направи 15-милиониот Истанбул важен регионален центар. Според телевизијата НТВ аеродромот ќе биде со димензии колку 800 фудбалски игралишта. Сегашниот најголем аеродром Ататурк, годишно опслужува 45 милиони патници.