Управата за хидрометеоролошки работи најави локални поројни дождови за викендов, а на некои места и поинтензивни проследени со ветер, грмежи и град. Според нив, дождот може да доведе до слевање на вода низ градските улици.
„Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. Исто така поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, каде посочуваме за внимателно движење. За поголемите реки не постои опасност од нивно излевање. Од понеделник ќе има стабилизирање на времето со престанок на врнежите“, велат од УХМР.