Албанскиот премиер Сали Бериша предложи да биде подигнат споменик во чест на американските војници кои загинале во Албанија во текот на Втората светска војна.
Според Бериша, иницијативата за ваков споменик дошла од Сојзуот на воените ветерани на САД.
– Кон ваквото барање треба да се произнесеме позитивно и да изразиме почит кон споменот, достоинството и придонесот на загинатите во војната, нагласи Бериша.