Земјотрес со јачина од 4,9 степени во источен Алжир

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источен Алжир, во кој нема повредени или загинати луѓе, соопшти Службата за цивилна заштита.

Земјотресот уништил три куќи, меѓу кои и четирикатна вила, додека 31 станови се оштетени, а луѓето во паника излегле на улиците.

По земјотресот имало уште еден потрес со јачина од 4,5 степени.

Земјотресот ја погоди провинцијата Мила, на околу 350 километри источно од главниот град на Алжир.

Потресот предизвикал оштетување и на патиштата, кои се затворени за сообраќај.

Земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Алжир во 2003 година во кој загинаа 2.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле