Велигденска честитка од премиерот Груевски до верниците од Eвангелско-методистичката црква

Од:

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, денеска премиерот Никола Груевски упати честитка до претседателот на Eвангелско – методистичката црква Емил Заев.

– Со воскресението, Бог ни го исцрта патот кој долго во минатото му беше непознат на човековиот род. Тоа е големиот чин кој постојано и постојано не потсетува и инспирира да имаме богоугоден живот, да бидеме скромни и милостиви, да имаме силна верба, да создаваме, да помагаме, да простуваме, да оставаме убави и позитивни дела зад нас. Тоа е патот на добрината, саможртвата и правдољубието. Славењето на овој голем празник значи празнување на добрината, на љубовта, на саможртвата за вредностите кои животот го прават подобар, достоинствен и праведен, нагласува премиерот во честитката.

Јас верувам дека сите ние како христијани, наведува, ќе продолжиме да го следиме тој пат, ќе продолжиме да ги шириме овие вредности и да работиме чесно и напорно за достоен и убав живот на сите граѓани во Република Македонија.

– Ви посакувам убави празнични денови исполнети со многу среќа, радост и духовен мир. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник!, се вели во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

А1он

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Македонскиот пазар е стабилен, има доволни количини на квалитетни и безбедни конзумни јајца

Горан Наумовски

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски