Седуммина верници беа убиени и 25 ранети во бомбашки напад во сунитска џамија во близина на Багдад.
Според полицијата, бомба експлодирала кога верници заминувале по попладневна молитва во џамија во реонот Рашидија, населен претежно со сунити.
Три лица беа убиени и петмина ранети во друг бомбашки напад во шиитска џамија во источен кварт на ирачкиот главен град. Засега никој не презеде одговорност за нападите.