Во Битола Велигденски турнир во кошарка

Од:

Кошаркарскиот клуб „Младост“ од Битола денеска и утре е домаќин и организатор на традиционалниот меѓународен Велигденски турнир во кошарка.

Годинава турнирот има две категории момчиња родени во 2000 година, а учествуваат  „Рилски Спортист“ од Самоков Бугарија, „Воштарница“ од Задар, Хрватска, „Црн Дрим“ од Струга и „Младост“ од Битола, Македонија.

Во категоријата девојчиња родени 1998 година ќе учествуваат екипите „Слога“ од Пландиште од Србија, „Гостивар“ од Гостивар и „Струга“ од Струга, како и домаќинот „Младост“ од Битола.

– Според составот на екипите овој турнир ќе биде најсилен младински кошаркарски турнир што се одржува во нашата држава. Освен официјалниот дел подготвивме и доплнителни содржини, натпревари во кошаркарски вештини, шутеви за три поени и слободни фрлања, истакна Владимир Прчков претставник на организаторот.

Свеченото отворање на Велигденскиот кошаркарски турнир е закажано за вечер во спортската сала „Павел Шатев“, а кошаркарски натпревари ќе се играат и во спортската сала „Младост“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ