Екипата на Бруклин ноќеска славеше победа на гостувањето кај Чикаго и се избори за мајсторка во 1.коло од НБА плеј-офот.
Ендрај Блаше погоди две слободни на 19 секунди за победа на гостите и се избори за седми натпревар кој треба да се одигра утревечер.
Тројцата најдобри играчи кај Бруклин, Џое Џонсон, Брук Лопез и Дерон Вилијамс постигнаа по 17 поени, за разлика од нив Чикаго настапи без тројца стартери поради повреди: Луол Денг, Дерик Роуз и Кирк Хајнрих.
Бруклин водството од крајот на првиот дел го сочуваа, а Чикаго успеа да се доближе само на 93:92 на 25 секунди до крајот.
На вториот ноќешен дуел Голден Стејт со победата над Денвер избори пласман во следната рунда.
Ендрју Богур имаше 21 скок и 14 поени, а Стефан Кари 22 поена. Следен противник на Голден Стејт им е екипата на Сан Антонио.
Резултати од ноќешните НБА натпревари: Чикаго – Бруклин 92:95 (3-3 победи) и Голден Стејт – Денвер 92:88 (4-2).
Вечерва се играат четири натпревари: Бостон – Њујорк (2-3),Атланта – Индијана (2-3), Хјустон – Оклахома Сити (2-3) и Мемфис – Лос Анџелес Клиперс (3-2).