Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до христијанските верници по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.
– Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест, на сите верници, да го честитам христијанскиот празник, празникот над сите празници, Воскресението Христово – Велигден.
Посакувам и овој Велигден, вдахновени од неговата симболика и значење, да го исполниме нашето секојдневје со љубов и дарување. Нека овој голем ден донесе радост, светлина и љубов, и нека нè мотивира за градење вистински хуманизам и искрено човекољубие кон сите наши сограѓани.
Велигден е доказ дека не постојат ограничувања кои не можат да се надминат. Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на просперитетна иднина за нашата татковина.
Најсрдечно Ви посакувам Велигден да го поминете во мир, здравје, радост и хармонија.
Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна, навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Иванов до христијанските верници.