Извлечени добитниците на месечните награди од „МојДДВ“

Од:

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера.

Станува збор за Филип Петрески од Прилеп, Игор Кацар од Куманово, Марија Бојкикева – Скопје, Бобан Спасовски – Велес, Лидија Падован-Скопје, Дарко Ралповски-Берово, Муамет Ибраими-Скопје, Никола Гошев-Скопје, Емилија Петкоска – Скопје , Александра Падикова Спировски – Кавадарци, Катерина Данчева – Струмица, Гордана Митревска – Битола, Ивана Лазаровска – Скопје, Благојчо Стевановски – Крива Паланка и Дејан Димоски-Прилеп.

Имињата на среќните добитници се објавени и на веб-страната на Државна Лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во останатите кола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари.

Инаку граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.

Би можело да ве интересира

Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра

Ана Ололовска

Се исплаќа повратот на ДДВ кај физичките лица, на сметките ќе добијат 6,1 милион евра

Ана Ололовска

Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020, граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра

Жарко Настоски

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре

Ана Ололовска

Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

Ана Ололовска

УЈП: Исплатени 4.37 милиони евра од МојДДВ за второто тримесечје

Жарко Настоски