Хрватски и чешки филмови во мајската програма на Кинотеката

Од:

Кинотеката на Македонија овој месец ќе организира програми на хрватскиот и чешкиот филм, програма по повод Денот на Европа и победата над фашизмот и циклус филмови за најмладите.

Од 15-ти до 21 мај ќе гостува Хрватската кинотека со филмови режирани од Ватрослав Мимица и Бранко Бауер, а меѓу нив и два македонски филма во нивна режија – „Македонски дел од пеколот“ на Мимица и „Три Ани“ на Бауер.  Ќе бидат прикажани и „Хранетиот“, „Каја, ќе те убијам!“, „Прометеј од островот Вишевица“, „Лице в лице“ и „Не свртувај се, сине“.

Од 23-ти до 27 мај ќе бидат прикажани четири филма во рамки на Деновите на чешкиот филм – „Бегај келнер“, „Со тебе уживам во светот“, „Вратете му го долгот на ѓаволот’ и „Кој бара злато?“

На 8 мај ќе има авторска вечер на Андријана Цветковиќ, на која ќе бидат прикажани нејзини кратки играни филмови снимени во Јапонија. Покрај специјална програма за 9 Мај, насловена „Најдобрите за ЕУ“, овој месец Кинотеката организира и втор дел од циклусот филмови посветени на 200 години од раѓањето на браќата Грим, а  филмови за најмладите ќе бидат прикажани и во рамки на фестивалот Македокс.

Мајската програма Кинотеката ја почна со циклус од четири филмови на Кирил Ценевски („Јад“, „Црно семе“, „Оловна бригада“ и „Јазол“ од 29 април до 2 мај), во чест на неговото прогласување за добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он