Денеска е Велики Петок. Најтешкиот ден во годината

Од:

Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија.

Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.

Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот со лозата и лозовата прачка која дава плод, ако е на лозата, а не кога е отсечена од неа.

И рекол: „Без Мене не можете да направите ништо“, но „ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“, а утехата е во „Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината…“.

„Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот.“ По овие зборови, Христос завршил со поуката и ја започнал Молитвата во Гетсиманија. Страдањата од Велики Петок почнуваат во Гетсиманија.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост