„Џонсон и Џонсон“ од властите во САД добива милијарда долари за развој на вакцина

Од:

Американските власти соопштија денеска за нова инвестиција од милијарда долари на фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон за развој на вакцина против Ковид-19, со загарантирани најмалку 100 милиони дози.

Џонсон и Џонсон добија 456 милиони долари преку своја филијала на крајот на март, а новата милијарда ќе го финансира проектот за производство на големо на својата експериментална вакцина.

Двете страни предвидуваат можно зголемување на нарачката до дополнителни 200 милиони дози.

Со таа инвестиција, улогата на владата на претседателот Доналд Трамп за проекти за развој на вакцини се зголемија на најмалку 9,4 милијарди долари, вклучително и договори за снабдување потпишани со пет компании кои предвидуваат испорака на најмалку 700 милиони дози.

Доколку вакцините се покажат ефикасни, САД би можеле теоретски да примаат 100 милиони дози од четири компании – Џонсон/Џонсон, Новавакс, Фајзер/Бионтек, Санофи/ГСК и 300 милиони дози од групата Оксфорд/АстраЗенека. Последната група веќе има потпишано или е во преговори со други земји, од кои 400 милиони дози за Европската унија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ